| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата која го сруши рекордот на најпопуларното селфи (фото)

Сигурно се сеќавате на прочуениот селфи од 2014 година со Елен Деџенерис и холивидските миленици на доделување на Оскар кој го руши рекордот на Твитер по број на лајкови.

Но, сега најпопуларното селфи е симнато од “тронот“.

Џенифер Лоренс, Камерон Дијаз и Адел рака под рака прошетале по Лос Анџелес за да го подигнат гласот против повеќевековното угнетување на жената.

Адел на Инстаграм профил напишала дека во животот најголема инспирација и биле жените.

-Моето семејство, моите пријатели, колеги и мои идоли. Ги обожавам жените кои се во мојот живот. Треба да ги им повеќе. Благодарна сум што сум жена и тоа никогаш не би го променила.Сакам се она што е добро за луѓето и мислам дека ние можеме се да промениме. Моќ на мир и моќ на народот, напишала Адел.

Покрај инспиративните зборови, на никого не му одмина и транспарентот на многубројни Греми добитнички на кои пишува: “Everyone’s full of s*it”, пишува Noizz.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top