Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на собраниската седница за Законот за јазиците, да бидат во институцијата каде може и треба да учествува во амандманска расправа. Собранието е местото каде треба да ги достават сите нивни предлози, повикаа од Владата.
Како што информираше владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, ставот на Владата е дека Законот е во согласност со Уставот, изгласан е во демократска атмосфера и е поддржан од мнозинството пратеници. Сепак, по усвојувањето тој ќе биде испратен на Венецијанската комисија.
– Законот по усвојување во Собранието ќе оди на мислење на Венецијанска комисија, а кога ќе се врати во Република Македонија постои политички консензус и волја дека сите забелешки и сите мислења на комисијата ќе бидат имплементирани во него – вели Бошњаковски.
Тој повтори дека не се предвидени дополнитени вработувања за овој закон туку оти ќе се користат постојните вработени во администрацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст