| четврток, 6 декември 2018 |

Венецијанска комисија ќе го чешла целиот закон за јазици дали е уставен

Целиот текст на Законот за употреба на јазиците ќе оди на мислење во Венецијанската комисија, по што може да претрпи промени во зависност од добиените забелешки. Од Владата денеска повторија дека Законот е усогласен со Уставот и уште еднаш ги повикаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во собраниските клупи за да учествуваат во расправата од третото читање.

-Законот е изгласан во демократска атмосфе, поддржан од мнозинството пратеници и истиот Закон е во рамки на концептот за „Едно општество еднакво за сите“. Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учеств на амандманската расправа и да ги кажат своите ставови онаму каде што треба да го сторат тоа. Што се однесува до Венецијанската комисија, Владата во јуни минатата година донесе заклучок според кој Законот по усвојување во Собранието ќе оди цел на мислење до венецијанска комисија. Кога ќе се врати во Република Македонија постои политички консензус и политичка волја сите забелешки и мислења на Венецијанската Комисија да бидат имплементирани во истиот закон – изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Тој додаде дека нема да има дополнителни вработувања кои ќе го оптеретат буџетот, туку дека ќе се користат постојните вработните во државната администрација.

Инаку, претходно од Владата тврдеа дека мислење од Венецијанската комисија ќе побараат за одредбите од Законот кои се однесуваат на двојазичните униформи на полицијата, пожарникарите и здравствените работници, во Скопје и оние општини со над 20 отсто албанско население, како и за одбредбата на парите да има симболи и од албанската култура.

Фокус.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top