Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на 18 јануари годинива до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против поранешната претседателка на Одделот за казниви дела во Врховниот суд, судијката Лидија Неделкова.
За кривичната пријава истиот ден бил известен и Јавниот обвинител на Република Македонија кому му е доставена копија од кривичната пријава со доказите. За оваа постапка вчера бил известен и Судскиот совет на Република Македонија, се наведува во соопштението на Врховниот суд лиферувано на нивниот сајт.
На 17 јануари порталот „Судство“ до Врховниот суд доставил барање за добивање информација за тоа дали во 2016 година Одделот за казниви дела на Врховниот суд донел став, правно мислење или заклучок во врска со легитимирањето на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во постапките пред судовите.
По извршената проверка Врховниот суд утврдил дека тогашната претседателка на Одделот за казниви дела во Врховниот суд на 25 март 2016 година изготвила писмо со невистинита содржина адресирано до Основниот суд Скопје, во кое е наведено дека Одделот за казниви дела го разгледал барањето и дека дал одговор со кој укажал на потребата Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите соодветно да се легитимира по однос на својата надлежност, а поврзано со конкретен кривично правен настан, иако одделот не одлучувал по тоа барање и не се произнел по барањето. Писмото, потоа, повторно било заведено со датум од 1 декември 2016 година и било доставено до Основниот суд Скопје.
За невистинитоста на податоците во писмото, претседателот на Врховниот суд со свое писмо на 22 јануари годинава го известил претседателот на Основниот суд Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст