Бугарската министерка за надворешни работи Екатарина Захариева предупреди дека на Западен Балкан постојат странски фактори кои имаат силно влијание врз некои земји, но оти одговорноста за тоа ја има ЕУ бидејќи „не била доволно ангажирана“ во регионот.
– Постои (странско) влијание. Тоа е наша вина. Ние не сме доволно присутни и доволно ангажирани во земјите од Западен Балкан. Доколку нас не нема, тогаш е присутен и има силно влијание некој друг, кој не е дел од нашето европско семејство, ниту е дел од НАТО, подвлече Захариева во обраќање на надворешнополитичкиот комитет на Европскиот парламент.
Таа потврди дека Западен Балкан е најважен приоритет на шестомесечното бугарско претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека регионот е многу важен за целиот континент.
– Цврсто веруваме дека нема стабилност ниту безбедност во Европа без стабилност и безбедност на Западен Балкан, рече Захариева.
Зборувајќи за секоја западнобалканска земја одделно, таа истакна дека бугарското претседателство е охрабрено од текот на преговорите меѓу Македонија и Грција, чиј резултат би овозможил отворање на пристапни преговори меѓу Брисел и Скопје.
Захариева најави „реална можност“ во текот на бугарското претседавање Црна Гора да отвори уште две пристапни поглавја.
Таа исто така нагласи дека во Србија постои подготвеност за отворање на три нови поглавја.
Осврнувајќи се на недостигот на едногласност во Европската унија околу Косово, Екатарина Захариева потенцира дека е важно бриселските институци да воспостават јасни цели.
Во врска со тоа истакна дека косовските власти мора да бидат свесни за неопходноста на реформскиот процес особено во сферата на владеењето на правото, како и условите кои мора да се исполнат за да се постигнат целите.
– Еден од важните услови е ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Така се решаваат споровите меѓу соседите, порача Захариева, нагласувајќи дека ЕУ нема веќе да толерира прием на нови членки без однапред решени отворени билатерални прашања.
На Босна и Херцеговина и порача дека е поважно одговорите на прашалникот на Европската комисија да бидат „квалитетни, а не брзи“, и ги повика властите во Сараево сериозно да се ангажираат во изработка на документот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст