Второто полугодие во кичевската гимназија “Мирко Милески” за учениците од турска етничка припадност се уште не е започната. Тие ја бојкотираат наставата бидејќи, како што велат, не им се исполнети неколку услови.
Тие бараат таблата на називот на објектот каде што се одвива наставата „Мемет Акиф Ерсој“ да биде изложена надвор, а не внатре во објектот каде што е сега, превозот на учениците да биде со понови автобуси како и да се регулира фондот на часови на професорите.
Портпаролот на општина Кичево Емин Насуфи вели дека барањето за таблата е од техничка природа и мислам дека може да се регулира бидејќи “Мемет Акиф Ерсој” се вика само објектот. Во врска со автобусите посочува дека тие се стари, но технички исправни и оти со нив се возат и учениците Македонци и Албанци. Потеницра дека како Општина работат во првец на обнова на возниот парк.
За денеска е најавено дека директорката на „Мирко Милески“ Милка Спасевска ќе има средба со родителите на учениците при што се очекува проблемот да биде надминат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст