| четврток, 6 декември 2018 |

Преубава наша татковино Македонијо, за ништо на светов не те даваме!

Република Македонија е последната бистра капка вода на нашата национална дланка. Последна и прескапоцена! Нема да им го свртиме и вториот образ на острвените примитивни внатрешни и надворешни грабежливци што манијакално, ѕверски посегаат и нејзе да ни ја земат! Не, вие збеснати примитивци во бели ракавици и вратоврски што никако не ви прилегаат, и со европски, НАТО и други освојувачки знаменца, не ви ја даваме Република Македонија! Со сите сили, со сето свое знаење и со сета наша исконска љубов ќе си ја чуваме до смрт!

Алдо Климан

Предавниците и окупаторите секогаш одат рака под рака. Така е и со ултрапредавничиштето Зоран Заев. Не престана бедно да ни ја раздава Македонија на сите страни и да не’ изложува на невиден диктаторски психолошки и меѓународен политички и културоциден терор.

За неколку дена во македонскиот Парламент повторно ќе се „(из)гласа“ неуставниот Закон за употреба на јазиците, и истиот час незапирливо и безобѕирно ќе се покрене заевската репресивна диктаторска машинерија за општо големоалбанско глобење на македонските граѓани. Бездруго, во духот на приземниот големоалбански цинизам и дивјачката хиперсимболика на целосното внатрешно поробување на нашата држава и на нашиот народ, тој политичко-финансиско-полициски терор ќе започне со најавената казна од 5000 евра што (еднаш, двапати, трипати!) поради непознавањето и некористењето на албанскиот јазик ќе мора да ја плати претседателот Иванов (или едноставно ќе му ја блокираат тековната сметка), на кој потоа ќе му остане само да се повлече од претседателското место, за на негово место да се инсталира некој како осведочениот големоалбански терорист, заменикот претседател на државата и заменикот врховен командант на АРМ Талат Џафери. Тој морбиден криминален филм со Џафери веќе го видовме во каубојското освојување на Собранието, и сега само треба рутински да се повтори на уште едно место во највисоката власт, а ред е овде да се потсетиме и на познатата изјава на Али Ахмети од времето на објавувањето на Тиранската платформа дека „можеби најдобро би било – зошто не? – за претседател на Република Македонија да се избере Албанец“. Тоа само го потврдува непоткупливото, строго дефинирано и речиси војнички дисциплинирано спроведување на големоалбанскиот политички протокол во Република Македонија, за разлика од пресретливите „братство-единствујушчи“ небулози на македонските политички елити, кои си мислеа дека тоа се само најобични постизборни дрдорења.

Но веднаш треба да се рече дека испреплетканите кримогени и предавичко-окупаторски заевско-големоалбански црева нема воопшто да чекаат да почнат да ја истураат својата погана содржина не само врз секој Македонец што работи на некое официјално работно место, ако не го говори албанскиот јазик, туку и врз сите наши македонски Турци, Бошњаци, Власи, Роми, Срби и сите други граѓани на Република Македонија што се во иста таква позиција, освен албанските за кои не се предвидени никакви казни ни санкции ако не го зборуваат македонскиот јазик на официјални места. И немојте, почитувани граѓани, попусто да се надевате и да мислите дека таа невидена репресија на овој и ваков диктаторски и големоалбански режим на Зоран Заев нема да се случи. Ќе се случи, и тоа многу бргу, и ќе ја покаже сета своја окупаторска бруталност, бесчувствителност и безочност! Се разбира, тоа насилство нема да може да опстане многу долго, зашто тоа што го наумиле предавникот Заев и големоалбанските внатрешни окупатори е невидено надлудило, супралудило, хиперлудило, како впрочем и сите други нешта што досега ги направија, но, за жал, тој терор на малцинството над мнозинството сепак ќе потрае доволно долго сите видови екстремен административно-политички хаос што ќе го произведат да ги разниша и последните преостанати цврсти столбови на Република Македонија.

Заев, неговата далтоновска партиско-приватна клика и големоалбанските „партнери“ го претворија македонското Собрание во антимакедонско и големоалбанско арамиско гнездо, со силна, мошне жива и постојана логистичка и секаква друга координирана поддршка за уништување на македонската држава од страна на соседните Албанија и Косово, па разбирливо, големоалбанските платформисти Еди Рама и Хашим Тачи веднаш му скокнаа во очи на претседателот Иванов поради неговата легитимна одлука да не го потпише „Законот“ за албанскиот јазик, при што мудрословниот Тачи се прослави со изјавата дека „таа одлука е производ на надминат менталитет“. Се најде кој да се јави! Големоалбанските апетити и аспирации спрема Република Македонија, со црни печати и мурови запечатени во Тиранската платформа, господине Тачи – ете тоа е всушност гнил и примитивен производ на надминатиот деветнаестовековен освојувачки менталитет, а вие сте еден од вистинските репрезенти на тој повампирен големоалбански менталитет кој во современиов свет, во овој 21 век, е цел сама за себе.

Донесувањето на „Законот“ за албанскиот јазик ги има следниве главни, јасни и недвосмислени цели:

  1. Официјализирање на албанскиот јазик на целата територија и во сите јавни институции и јавни претпријатија во Република Македонија и јакнење на општото малцинско албанско политичко влијание во државата, со посебна интенција за нејзина се’ поголема НАТО-милитаризација, при што албанскиот елемент во командните сегменти мора да биде војно-политички најиспакнат и најрелевантен.
  2. Незапирливо, а од аспектот на националниот клуч апсолутно асиметрично капиларно вработување на илјадници албански службеници и преведувачи во сите сегменти и во сите краишта на државата, до последното катче, и увоз на енормна албанска чиновничка и преведувачка работна сила од Косово и од Албанија по пат на квоти за вработување што ќе ги одобри владата на Заев.
  3. Силна пропаганда и промоција на големоалбанската идеја во современиот свет, и „освестување“ и „запознавање“ на меѓународната јавност за „трагично поделениот албански народ во три балкански држави“.
  4. Федерализирање или кантонизирање на Република Македонија, со крајна цел за отцепување на северниот и западниот дел на Македонија и присоединување кон Албанија и Косово.
  5. Целосно економско исцрпување и истоштување на Република Македонија и максимално можно затворање (инкапсулирање) на стопанската и стоковна размена помеѓу Албанија, Косово и северозападните краишта на Македонија (со најголем број албанско население), и нивно оддалечување и држење што повеќе настрана од остантиот дел од македонските производители и поширокиот македонскиот пазар.

Примената на „Законот“ за албанскиот јазик, поради неговата невидена насилност и репресивност многу бргу ќе предизвика крајно жестоки реакции, немири и јавни нереди, со сериозна можност да прераснат и во отворени меѓуетнички и социјални судири, со можни и многу трагични исходи.

Затоа само апсолутно неразумни и етички сосема изместени претставници на македонската и на другите етнички компоненти во парламентарното мнозинство можат повторно да ја одиграат оваа опасна, подмолна големоалбанска шовинистичка игра и да донесат ваков противуставен „Закон“ што ќе предизвика несогледливи социо-економски и меѓуетнички последици.

*   *   *

Од друга страна, и покрај мрачната, отворено профашистичка општонационална хистерија во Грција, со директно и најангажирано учество на грчката војска и на највисокиот грчки клер, против Република Македонија и употребата на името Македонија во потенцијалната ступидна и никому потребна нова номенклатурна измислица наместо нејзиното уставно име – мачниот, натегнат и сосема обесмислен „преговарачки“ и „наговарачки“ филм, сведен на четирите начкртани странички на Нимиц, и натаму се одвива како ништо да не се случува. А всушност станува збор за ужаснo радикална внатрегрчка и меѓународна шовинистичка противмакедонска агонија. Па зарем во таква експлозивна атмосфера може да се реши и да се договори нешто нормално и разумно?!

Пред се’, градоначалникот на Солун Бутарис кој „не може да се начуди!“ поради насилните демонстрации во Солун, со палењето на официјални објекти и на македонското знаме, и со обид за линч на бившиот грчки министер, и додека истовремено се готви ист таков или уште поголем протестен собир во Атина, односно во Пиреј, вели: „овие луѓе не се информирани, си фантазираат за нешто“, а токму самиот тој, во времето на неговото незаборавно новогодишно дружење со предавникот Заев, со данајска насмевка на лицето изјави дека „народот на северниот сосед ќе мора да си пронајде некаков свој нов идентитет“, што е  најуверлив и најсликовит говор на длабока омраза и презир.  А сега се чуди што се случува!

Заев, пак, оди на средба со Ципрас, а само Господ знае за што воопшто можат да разговараат по јасната, груба и недвосмислена и полна со шовинистичка и понижувачка негација на македонската нација и на идентитетот на македонскиот народ, кон која Ципрас го придодаде и тоа дека не доаѓа во предвид во тие договори да се опфаќа историјата. Според него, ако од „преговорите“ се исклучи историјата, тогаш можеби би можело и натаму да се бара некакво решение. Но, господине Ципрас, како вие го замислувате тоа, кога и 1912 и 1913 година, како и 1948 година и низа други години пред тоа и по тоа време, се’ до денес, едноставно и’ припаѓаат на историјата, а тоа се бескрајно трагични години за Македонија и за македонскиот народ, при што во таа долга и ужасна национална трагедија длабоко насилнички е инволвирана Грција која и’ ограби на Македонија 51% од нејзината територија и стори се’ да го разбрка и да го денационализира македонскиот народ на тој простор, што е сторено со голем дивјачки „успех“?! И вие, како и сите други неуморни фалсификатори на историјата би сакале ние Македонците како по некое чудо вчера да сме се создале од некаде, всушност од никаде. Е не оди тоа така, господине премиеру на „нашиот мил јужен сосед“.

Затоа, според проверениот урнек како досега се однесуваше нашиот евро-атлантски квислиншки премиер Зоран Заев,  „преговорите“ Заев – Ципрас можат да се одвиваат само вака:

Ципрас: „Заев, даваш – не даваш?“

Заев: „Давам“.

И тоа е тоа. Во спротивното таа средба ќе биде само уште една скапа и непотребна официјална прошетка на квислингот Зоран Заев, како и толкуте досегашни други, сосема бескорисни, те. штетни за Република Македонија и за македонскиот народ.

Во меѓувреме, перфидниот грчки министер Коѕиас во Брисел изјавува дека сега има причини за оптимизам, бидејќи, како што рече, „и Европејците и Американците сфатија дека треба да не’ остават сами да го решеваме проблемот на името“. А јас додавам: да, господине Коѕиас, сега кога на секој можен начин и со сите видови политичко меѓународно насилство, трчање на разни европолитичари во Македонија за да ги уценуваат и да им се закануваат на тогашните наши официјални политичари, па амбасадорското хистерично плеткање и плетење мрежи во Македонија, и најпосле кога по успешното подбуцнување и поддржување ступидни револуции – на власт го донесоа квислингот Зоран Заев, а кога одвнатре ги расшрафија Република Македонија и нејзиното правосудство – е, сега Европејците и Американците „не’ оставиле сами да го решаваме проблемот со името“. Многу, многу пред вие да се родите, господине Коѕиас, ние си го имавме нашиот Итар Пејо, далеку поитар од вас, но за разлика од вас – симпатичен.

А Нимиц, пак, оптимистично, Бог да чува и да пази, ги пакува коферите за пат во Скопје и во Атина. Веројатно смета дека всушност самиот тој е Господ Бог и оти во своето „наговарачко пакетче“ од четири начкртани странички, без каков и да е проблем ќе го реши прашањето на името на нашата држава. Подобро е да си седи дома и да батали се’, зашто од неговото ингениозно „преговарање“ и „наговарање“ нема леб.

И ете, сите се тука во таа сеопшта лудница и мешалка на глупости што ја заврте политичкиот ултрадилетант Заев! Сите се тука, освен оние што би требало да бидат тука: македонската академска заедница, најголемите наши стручњаци од сите научни области и разни општествени мултидисциплинарни сфери, претставници на македонското национално малцинство во Република Грција, олицетворено, да речеме, во нашиот тамошен најистакнат македонски политички и национален лидер Павле Филипов Воскопулос, добитник на меѓународната „Повелба за соживот“, но пред се’ и над се’ граѓаните на Република Македонија низ сеопшта јавна расправа, низ која би се согледала смислата и, воопшто, оправданоста на тој радикален потег на менување на уставното име на државата.

Но сите нив ги нема ни блиску и се’ е сведено само на неколкумина политичари. Еве, читаме: и Заев ќе се сретнел со Мицковски, Ахмети и Иванов и ќе ги информира за предлогот на Нимиц. Супер, и така ретко се среќаваат, ќе испијат кафе, Заев ќе им ги покаже четирите бедни странички чкртаници со предлог за новото име, ќе си направат лаф муабет, ќе каснат локум, ќе се напијат водичка, и тоа е тоа.

Па зарем можеме, македонски народе, да се согласиме со таква понижувачка петминутна сведеност на општонационалното влијание во разрешувањето на едно од најсудбоносните прашања? Тоа што тоа го дозволувавме е последица на двеиполдецениската хиперполитизација на нашето општество во која политичките елити се наметнаа како најважни и најумни, поумни дури и од народот што го претставуваат. А сега, еве, на чело на државата ја имаме и неподносливата квислиншка влада на Зоран Заев која ни растури и ни упропасти се’.

Редно е конечо гласно да викнеме: „Доста е веќе со ова лудило, Зоране Заев! Лути сме! Многу сме лути што бесрамно и в очи не’ излажа! Лути сме што ги предаде и ги стави на коцка сите наши историски, културни и јазични и сите други наши национални вредности и државни интереси! Лути сме што ни ја упропасти државата и што во два-три потези од унитарна ни ја направи бинационална, албанизирана! Лути сме што ни вршиш невидено насилство со „Законот“ за албанскиот јазик! Лути сме што на своја рака ни ја виткаш и ни ја кршиш кичмата пред нашите најосведочени мрзители Грците и сакаш да ни го смениш името, што само тие, од своите хистерични интереси и национално-политички комплекси го бараат! Лути сме, оберпредавнику Зоране Заев, што не’ донесе на ова дереџе, до овој мрачен меѓународен ќорсокак, до овој понижувачки безизлез, до Никаде!

Запомни, албан-делија: сите предавнички договори што ги направи и што ги потпиша – сите до еден ќе бидат ревидирани или поништени, и откажи се веќе еднаш од своето бедно предавничко и големоалбанско лудило и докажи ни дека не ти е страв и прпа од големоалбанските реални закани за ветеното а неисполнето. А ние, предавнику, не си ја даваме (во замена за твојата бедна предавничка кожа) нашата прекрасна капка роса на дланкa, нашата сакана и единствена татковина Република Македонија! Ќе ја браниме и ќе ја чуваме до последниот здив!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top