| четврток, 6 декември 2018 |

ИНА: Движењето за Илирида има предлог за името

Политичкото движење „Движењето за Илирида“ излезе со предлог за новото име на Македонија – пишува Ина.

„Бараме од релевантните меѓународни фактори, кои имаат мандат од ООН за да го решат спорот за преименување на името Р. Македонија новото име да рефлектира со реалната територијална компактност: Балканска Федеративна Република“, се вели во соопштението испратено до медиумите.

Според овој предлог, со овој план ќе има две федерални единици: Република Македонија и Република Илирида.

„Со овој чин на преименување ќе се избалансираат двата составни етнитети на оваа нова држава, ќе се изгаснат внатрешните поларизации и конечно ќе започне посакуваниот економски развој за цела земја, со нормален животен стандард за достоинствен живот. Веруваме дека овој предлог ќе биде поддржан од сите граѓани на Република Македонија. Еднаш за секогаш да се стабилизира Балканот, од хегемониските аспирации“, велат од Движењето за Илирида.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top