| четврток, 6 декември 2018 |

Рама: Ќе продолжам да ги бранам Албанците во Македонија

epa03757753 Edi Rama, leader of the Albanian opposition Socialist Party party and candidate for prime minister, smiles during his first appearance in a press conference after the elections, in Tirana, Albania, 24 June 2013. Albania’s leftist opposition was leading the conservative Democratic Party of two-time Prime Minister Sali Berisha in parliamentary elections, early returns released by election authorities indicated 24 June. EPA/ARMANDO BABANI

Албанскиот премиер, Еди Рама, за албанските медиуми изјави дека ќе продолжи да ги брани Aлбанците во Македонија. Kако одговор на обвинувањата што ги упати руската амбасада за неговата изјава дека неговата партија овозможила усвојување на Законот за јазици во Македонија, вели дека тој се чувствува горд кога го обвинуваат за заштита на Албанците.

„Ние немаме скриени агенди. Нашите агенди се јавни и кога има високи температури со соседите, спроведуваме нова надворешна политика која има дигнитет и тоа без разлика дали сме мала земја или не бидејќи на маса сме рамноправи“, изјави Рама.

Во врска со одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот за Законот за јазици, Рама вели дека не е изненаден.

„Јас би бил изнанаден ако тој го потпишеше Законот. Но тоа не го запира Законот да биде закон“, истакнува Рама.

Медиумите во Тирана оценуваат дека ова е одговор на албанскиот премиер во врска со острите критики од Русија за изјавата на Рама дека неговата Социјалистичка партија и влада овозможија усвојување на Законот за јазиците во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top