| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат автомобилот на потпретседателот на Алијансата за Албанците

Непознати лица синоќа во кичево го нападнале автомобилот на потпретседателот на Алијансата за Албанците Ремзи Мехмеди, соопшти партијата на Села.

Од Алијансата потенцираат дека овој случај е со политичка заднина бидејќи Ремзи Мехмеди е силна политичка фигура од оваа партија, која влијаела многу Албанци од Кичево ѝ се приклучат на партијата на Села.

„Апелираме до правните органи што побрзо да го расчистат овој случај пронаоѓајчи ги сторителите и нарачателите на овој срамен акт кој изгледа дека е закана и предупредување за подпретседателот на Алијансата за Албанците за неговиот политички ангажман“, потенцираат од партијата Алијансата за Албанците.

Села во Струга најави големи протести

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top