| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец ја претепал својата мајка со рачка од секира

Против 25-годишниот Д.М. од Скопје е покрената кривична пријава за „тешка телесна повреда во вршење семејно насилство“. Според полицијата Д.М. ја претепал својата мајка, при што и ја скршил раката, па по неколку дена продолжил да ја удира по скршената рака.

Како што информираат од МВР, 25-годишникот во средата во семејниот дом на улицата „Славеј планина“ во Скопје, по вербална расправија со неговата 49-годишна мајка, зел рачка од секира и почнал да ја удира по телото и главата, при што и ја скршил раката.

Два дена подоцна, пријавениот, повторно почнал вербална расправија со мајка му, по што со дрво ја удирал по скршената рака.

Пријавениот бил лишен од слобода и при службен разговор ги појаснал околностите под коишто го извршил кривичното дело, додаваат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top