Здравко Савески, активист и член на раководството на Левица во вечерашното гостување на 24 Вести во емисијата „Анализа“ во дебата со пратеник на СДСМ Павле Богоевски истакна големо незадоволство од политиките на СДСМ, окарактеризирајќи ги дел од политиките како популистички кои се полни со ароганција. Савески со низа докази и аргументи буквално го матираше Павле Богоевски.
Савевски вели дека власта практикува популизам.
– Воведуваш враќање на дневна евтина тарифа и притоа планираш да го либерализираш пазарот на електрична енергија кое ќе доведи до поскапување на струјата. Тоа е популизам, едното го правиш пред избори, второто го правиш после избори. Тоа е најевтин популизам, истакна Савески.
– Знаеш што значи Павле социјалдемократија? Ајде кажи ми, на чија страна се социјалдемократите? На работниците. На чија страна се овие од СДСМ? Не се на страната на работниците, на страната на газдите се, рече Савески.
Савески жестоко со аргументи го обезличи Богоевски кој постојано на дипломатски начин се обидуваше да избегне ги фактите и доказите.
– Воведуваат програма за економски развој. Се консултираат со кого? Со бизнисмените? А со синдикатите се консултираа? НЕ, значи НЕ. Премиерот Заев на колку консултации и средби со бизнисмените на коморите беше? Беше еднаш со синдикатите? Не беше И сега за која рамнотежа, од социјалдемократите се бара да бидат на страна на страна на работниците, а не да прават рамнотежа. Овие не е рамнотежа, чисто се на страната на газдите, порача Савески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст