| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Маркл го избра свадбениот дизајнер

За само четири месеци, Меган Маркл ќе се венча со принцот Хари, што ќе биде настан на столетието. E! News соопшти дека Меган го избрала дизајнерот за нејзинот свадбен фустан. При својот избор идната принцеза имала помош од својата пријателка, канадската свадбена стилистка Џесика Мулронеј, со цел да ја избере совршената венчаница.

„Тоа беше првата проба на Меган со дизајнерот и шанса да разгледаат повеќе различни дизајни“, соопшти близок извор на E!.

Изворот исто така откри дека: „Покрај изборот на венчаница, Џесика ја советува Меган и за голем дел од свадбените детали, помагајќи ѝ да пронајдат идеи и ресурси од нејзините импресивни портфолија“.

Навидум, само пет луѓе на целиот свет знаат кој е дизајнерот и е топ тајна бидејќи… драма можеби?

„При оваа средба, Меган успеа да го стесни изборот на свадбени детали кои ѝ се допаѓаат и кои не ѝ се допаѓаат“, сподели внатрешниот извор. „Некои од нивните омилени елементи за дизајн вклучуваат вез и ракави”.

Што се однесува до мислењето на Хари за целата работа? Па, тој им остава на дамите широк простор самите да се погрижат за тоа.

Хари едноставно исчезна, давајќи им на девојките многу слободно време за да имаат свои средби со дизајнерите и, се разбира, да изберат други свадбени елементи”, сподели изворот. „Беше јасно дека Хари сака да го направи ова во чест на Меган”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top