| четврток, 6 декември 2018 |

Дрејк објави песна за неговата врска со Џенифер Лопез

Дрејк одлучи да ги изненади своите фанови и објави две нови песни, а го откри и насловот на неговиот нов проект или албум „Страшни часови“. Во една од песните, тој ја споменува Џенифер Лопез.

Романсата помеѓу Дрејк и Лопез беше кратка, со гласини дека се смириле во декември 2016, пред да се распадне во март 2017 година. Дрејк не ја преболел оваа врска, додека Лопез продолжи понатаму и сега е со бејзбол ѕвездата Алекс Родригез.

Новите песни „Дипломатски имунитет“ и „Божјиот план“ им даваат на знаење на фановите што следно можат да очекуваат од него. Во првата, Дрејк ја спомнува мистичната врска со Џеј-Ло, за која вели дека во 2017 ја изгубил.

Во март лани, Лопез во шоуто на Тревор Ноа кажа:

„Да расчистиме. Не сум веќе со Дрејк. Можеби, тоа е сѐ што треба да кажам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top