Вообичаено пријателите споделуваат ист или сличен вкус за многу работи, имаат заеднички интереси и слични ставови. Експертите велат дека тоа има врска со генетиката.
Резултатите од таа анализа покажаа дека пријателите кои сами си ги избираме генетички ни се послични отколку оние што за нас се странци.
По спроведените низа генетски споредби кај двојки пријатели, научниците откриле голем број генетски сличности, многу повеќе отколку кај двојките кои меѓусебно не се познавале.
Научниците утврдиле дека пријателите, во просек, споделуваат две третини генетски сличности, што е генетски приближно до венчаните двојки.
Причина за тоа може да биде привлечноста кон оние со кои делиме заеднички карактеристики, како што се изглед (слична висина и тежина), степен на образование, потекло или животни искуства. Тој процес научниците го означија како социјална хомофилија..
Друго објаснување може да биде тоа што луѓето склопуваат пријателства во рамки на истите општествени средини, како на пример исти училишта или иста работа. Тој феномен е познат како општествено структуирање. Овие два феномени не мора меѓусебно да се исклучуваат, туку можат да бидат и комплементарни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.