| четврток, 6 декември 2018 |

Апелација проценила дека мајката на три малолетни деца може да избега или да влијае на сведоци

Пратеничката Жаклина Пешевска останува во домашен притвор. Апелациските судии го потврдија решението кое го донесе Кривичниот совет од Скопска единица и ја одбија нејзината жалба, да се брани од слобода. Таа на јавна седница на судиите им порача дека нема сторено ниту едно кривично дело, а најмалку тероризам
-Од 28.11. загрозена е мојата и здравствената состојба на моите три малолетни деца. Не можам да повторам дело кое не сум го извршила. Ниту ги имам загрозено животите на пратениците, а ни безбедноста на мјојот народ. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Бев држена 16 часа со лисици на рацете во судот, рече Пешевска на јавна седница на Апелацискиот суд.

За нејзиниот адвокат спорна е постапката од апсењето, па до продолжување на притворот, а решението се уште не го добиле. Судот не навел докази кои би го поткрепиле основаното сомнение, вели адвокатот Боро Тасевски .

И Тасевска како и останатите петмина пратеници е осомничена за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За време на распитот во обвинителство и била покажана собраниската снимка од насилното влегување на толпата.

Но, Вишото обвинителство побара да ѝ се продолжи домашниот притвор, за да не побегне или да влијае на сведоци, бидејќи постапката се уште е во фаза на сослушување сведоци и осомничени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска со соопштение побара укинување на притворите за сите осомничени од 27 април.

„ВМРО-ДПМНЕ Државата нема да тргне ни чекор напред кон ЕУ и НАТО се додека не се почитуваат елементарните права на човекот. Правосудните органи во интерес на Македонија и иднината на државата мора да соберат сили и да ја вратат правната државата“.

Апелацискиот суд до сега ги потврди одлуките на кривичниот совет за продолжување на притворите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top