Поради скандалозните измени во Судскиот совет и новиот распоред како и отсуство на еден од обвинетите одложено судењето за предметот „Еразмус“, во кој професори од Економскиот факултет се обвинети за барање поткуп. Токму новиот распоред на судиите во Основниот Суд Скопје 1 – Скопје ќе биде причина судењето да почне од ново иако во моментот се наоѓа во доказна постапка.
Студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ со години се сведоци на корупција и непотизам, а со предметот „Еразмус“ требаше да стави крај на корупцијата во високото образование. Но, по се изгледа дека професорите кои со години барале мито ќе останат неказнети, поради блиските конекции со власта и поради фактот што дел од нив се поранешни високи фунцкионери на СДСМ.
Како една од главните причини за одложување на судењето медиумите го посочуваат судијата Владимир Туфегџиќ, татко на пратеничката на СДСМ Ивана Туфегџиќ. Доколку се земе предвид блискоста на обвинетите професори со СДСМ, јасно е дека станува збор за селективна правда на судот. За жал, ова не е единствен случај за селективна правда, судењата на премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“ во кој со аудиовизуелни докази јасно се гледа дека тој бара мито, редовно се одложување. Со ова Македонија е единствена земја во Европа во која премиерот е под едно вакво тешко обвинение.
Партиските диртективи станаа секојдневние по доаѓањето на СДСМ на власт, обвинетите и криминалците се сликаат со Заев и тоа е доволно да судските инстанци да не постапуваат по нивните случаи. За тоа време уметници и угледни граѓани веќе со месеци се наоѓаат во притвор под обвиненија за „тероризам“. Партизацијата на судството е очигледна и потврдена од голем број на експерти кои не штедејќи критики реагираат на чекорите превземени од новата власт за воспоставување целосна контрола на судството. Социјалдемократскиот сојуз постапува спротивно на препораките на ЕУ и Прибе и од Македонија прави заробена државата каде нема поделба помеѓу извршната и судската власт. Партиското обвинителство на СДСМ, СЈО доби и партиско судство по мерка со цел прогон на политичките опоненти на Заев, а луѓето блиски до СДСМ и Заев се заштитени како бели мечки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


