Посредникот на ОН во преговорите за решавање на спорот за името, Матју Нимиц, има намера во наредните десет дена да ги посети Атина и Скопје, со цел со двете страни да го разгледа прашањето, објави грчката телевизија ЕРТ.
Според телевизијата, Нимиц е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.
Нимиц, како што пренесува ЕРТ, оценува дека предлозите кои што минатата недела ги упатил и претставил во Њујорк се општоприфатиливи за двете земји, и дека дал уверување оти тие го гарантираат „националниот идентитет“ на поранешната југословенска Република Македонија (БЈРМ).
„Имам големи надежи дека овој процес се движи во позитивна насока“, изјави Нимиц по разговорите со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адамантиос Василакис на 17 јануари во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст