| четврток, 6 декември 2018 |

Маж заклал 8 годишно девојче

Средовечен маж е уапсен откако осумгодишно девојче е прободено до смрт во случај на “домашно насилство” во Велика Британија .

Детето било најдено со сериозни повреди на имот во Браунхилс, во саботата навечер, и починало по кратко време откако било однесено во болница.

Полицијата на Вест Мидлендс соопшти дека и 54-годишниот маж бил пренесен во болницата со убодна рана во стомакот.

Тој е во стабилна состојба и ќе биде испрашуван “во догледно време” во врска со инцидентот , соопштувата од полицијата .
Роднините на девојчето се уште не можат да се повратат од шокот .

“Сè уште не знаеме точно што се случило во овој момент и ние навистина сме уништени”, изјавил еден од роднините на девојчето .

Соседите го опишаа како “прекрасно девојче со долга руса коса”.

Соседите велат дек мажот и девојчето се доселиле во куќата пред два месеца и оти не знаат во каква роднинска врска се наоќале . Сведочат само дека во куќата никогаш не доаѓале други деца и оти кога ги виделе синоќа полициските возила помислиле дека станува збор за предозираност со дрога на мажот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top