
Утринава околу 03,00 часот било пријавено дека 23- годишниот Д.Д од Куманово додека бил заедно со негови другари во ноќен клуб во Куманово, 23- годишниот М.С од село Умин Дол– кумановско започнал вербална расправија со него и почнал да му се заканува.
Од МВР велат дека, М.С. го фатил за вратот и со тупаница го удрил во пределот на лицето, а потоа уште неколку лица се нафрлиле врз Д.Д., при што во еден момент Д.Д. почувствувал болка и крварење во пределот на десниот колк. Д.Д. бил пренесен во Општата болница во Куманово каде му е укажана лекарска помош.
Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


