| четврток, 6 декември 2018 |

Жена тешко повредена откако Лада Нива удри во жардиниера

Жена е тешко повредена откако возило „Лада Нива“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.А. (70) од Скопје удрило во бетонска жардиниера, вчера на булеварот „Александар Македонски“.

-Од незгодата со повреди се здобила сопатничката К.С. и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди и истата е задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top