| четврток, 6 декември 2018 |

„Катимерини“: Скопје е за „Нова Македонија“, Атина за „Вардарска Македонија“

Грчкиот весник „Катимерини“, според добро информирани извори, кои се повикуваат на минатонеделните средби на грчкиот премиер Алексис Ципрас со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас и архиепископот Јеронимос, денеска пренесе дека грчките власти би го прифатиле името Република Вардарска Македонија (Republic of Vardarska Macedonia) како дел од договорот во спорот со нашата земја.

Од друга страна пак властите во Македонија, според „Катимерини“, се повеќе за името Република Нова Македонија (Republic of New Macedonia).

Заев се очекува да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас во среда или четврток, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, на разговори за напредокот на прелиминарните преговори за решавање на спорот за името. Следен чекор ќе биде разговори меѓу министрите за надворешни работи на земјите следниот месец, пишува „Катимерини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top