Скопјанецот Ц.П.(64) е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 17:20 часот се случила на крстосница ул.“Димо Хаџи Димов“ со ул.“Божидар Аџија“.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Фолксваген Поло“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.А.(40) од Скопје кое удрило во велосипед управуван од Ц.П.(64) од Скопје.
-Во незгодата со повреди се здобил велосипедистот и тој бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош, а од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


