| четврток, 6 декември 2018 |

МОС и Тврдокорни денеска ќе протестираат против двојазичност на Македонија

Македонски обединети сили (МОС), „Тврдокорни“ и уште неколку здруженија денеска во 13 часот пред Собранието на Република Македонија организираат „Протест против двојазничноста и албанизација на Македонија“. Според организаторите, двојазичноста е губење на на македонскиот карактер на државата.

„Браќа Македонци ве повикуваме да се придружите на протестот против двојазичноста. Слушнете го плачот на Мајка Македонија и дојдете в недела на 21-ви јануари во 13 часот пред Собранието“, се додава во поканата.

„Двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата. И не само тоа, со двојазичноста директна ја губеме и самата држава! Со двојазичноста де факто стануваме трета албанска држава на Балканот. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на македонскиот народ“, се додава во објавата. Која е причината албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка, прашуваат организаторите во објавата за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top