Македонската фолк-пејачка Благица Павловска верскиот празник Водици го поминува во Охрид со семејството. Таа за себе вели дека е голем верник, и дека откако по трет пат била во Израел на Ѕидот на плачот, на животот гледа на поинаков начин, пишува весникот Вечер.
– Се е под надзор на божјата љубов и волја. Бог од срце дава и бог од срце зема. А, тоа што бог заповедува тоа и ќе биде! Бог го креирал светот, а бог и ќе го разурне доколку тоа биде по неговата желба. Затоа, некои луѓе се лажат кога мислат дека ја имаат моќта во своите раце, вели Павловска.
– Среќна ме прави кога сум со своите најблиски како сега за Водици во убавиот и празничниот Охрид. Убаво ми е во овој град. Гледам овде на секој чекор многу насмеан народ. Тоа е затоа што сме сите заедно со бога, затоа што од срце се сакаме, од срце век да векуваме со бога. А, среќата не застанува само тука, среќата е и кога брат на сестра благослов и дава да живее во среќа со својот маж. Ете, и тоа е среќата, а која јас ја пожелувам на сите, и на денешен убав ден Водици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.