Возилото од типот Опел Астра пронајдено запалено во вторникот веднаш по убиството на Оливер Ивановиќ во Митровица, води потекло од Србија и таму сменило неколку сопственици. Ова го соопшти регионалниот заменик-директор на косовската полиција во Северна Митровица, Бесим Хоти.
Според него, овие информации косовската полиција ги обезбедила преку меѓународни организации, од кои била побарана помош во истрагата. Независно од тоа, сè уште не е докажано дали ова возило воопшто има директна врска со случајот. Од друга страна, министерот за правда во косовската влада, Абералд Тахири истакна дека Косово и Србија соработуваат како две засебни држави.
„Фактот дека ние комуницираме меѓу двете министерства, Министерството за правда на Косово и Министерството за правда на Србија јасно покажува дека станува збор за соработка меѓу двете држави. Ние ќе соработуваме до точка за да го расветлиме ова последно убиство кое е најактуелно, на Оливер Ивановиќ. Ќе разменуваме било какви информации и побаравме информации од нив, очекуваме да му ги донесеме на Обвинителството и на косовската полиција. Ние соработуваме како со Србија, така и со останатите држави во регионот“, рече Тахири.
Тахири додаде дека истрагата ќе ја водат косовските органи, не дозволувајќи мешање од друга држава. За да се расветлат можните сомневања, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, ја остави отворена можноста во истрагата да биде поканета трета држава, но не Србија. Ивановиќ беше застрелан во вторникот пред седиштето на неговата партија во северна Митровица.
lsat-m.tv
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст