| четврток, 6 декември 2018 |

Покрената постапка против Лино Червар

Европската ракометна федерација покрена дисциплинска постапка против хрватскиот селектор Лино Червар поради потегот кој го направи во финишот од натпреварот против Белорусија.

Червар на мечот против Белорусија при резултат 24:23 и напад за противникот, со раце го задржа ракометарот на белоруската репрезентација Артур Карвацки.

Червар се огласи за спорниот момент со нелогична изјава: Судиите сакаа да ме уништат?!

Хрватскиот селектор Лино Червар, недозволено при последниот напад за израмнување на 24:24 пред арбитрите да ја подигнат раката за пасивен напад, го попречи десниот бек на противничкиот состав.
Стратегот на „Коцкестите“ јасно се гледа како го попречува Артур Карвацки на теренот, па снимката осамна на социјалните медиуми и наиде на безброј критики.

За спорниот момент пишуваат и хрватските медиуми, кои велат дека на „триесеттина секунди пред крајот на мечот Белорусите добија напад. Лино Червар трчаше горе-доле покрај аут линија, а некои белоруски новинари сметаат дека влегол во теренот и се обидел да го попречи нивниот напад“.

Запрашан за самата ситуација, Червар во изјава за медиумите вели:

-Не се работи за никаква намера. Јас имам обичај да одам лево-десно по тренерската линија и дојде само до мал судир во жарот на борбата. Судиите? Судиите сакаа да ме уништат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top