Православните верници во Дебар ја продолжуваат традицијата и за големиот православен празник Богојавление-Водици. Во црквата „Света Петка“ освен постојаните жители од градот, на богослужбата и фрлањето на советениот крст присуствуваа и поголем број дебрани кои жвеат во други градови во државава.
Светиот крст во базенот, што се наоѓа во дворот на црквата го фрли намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски.
Меѓу петте момчиња кои скокнаа по чесниот крст најреќен беше Чедо Петревски, студент на ДИФ.
– Пресреќен сум. По вторпат скокам по Светот крст, а сега првпат ми се насмевна среќата. Посакувам многу здравје, среќа, радост за сите, мир и благосостојба воцелиот свет, рече Петревски.
Црковниот одбор за него обезбеди награда, а со пари го даруваа и верниците.
Кумството на Водици за следната година го превзеде семејството на Владимир и Надица Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст