Меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, најсреќен беше Иван Лотески кој прв успеа да доплива до крстот.
Лотески успеал да стигне до крстот во неговиот 14 обид. По 13 неуспешни скокања по крстот во водите на Охридското Езеро, годинава успеа прв да стигне до него. Вели дека молитвите му помогнале. Немал никакви физички подготовки пред скокањето. Едноставно само се молел на Бога.
-Многу сум срежен, за ова живеам – вели тој.
Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава го следеа неколку илјади граѓани. Манифестацијата Богојавление-Водици е во организација на Дебарско- кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“, како и фаќачите на светиот крст од минатите години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст