| четврток, 6 декември 2018 |

Во Штип скршена спомен плочата на поетот Ацо Шопов

Вандали ја искршиле спомен плочата на Ацо Шопов, поставена на ѕидот од неговата родна куќа, реагираат денеска претставниците од штипскиот Сојуз на Борци од НОБ- објави Канал 5.

Речиси сите поставени спомен бисти на штипските Народни херои од НОб , како и на заслужни граѓани, се цел на дивеењето на непознати сторители, кои во изминатите шест месеци, значително ги оштетиле бистите, лоцирани на повеќе места во градот, кршејќи ги или испишувајќи врз нив графити со недолична содржина.

Најостро осудувајќи го овој, како што оценија штипските борци, вандалски и непримерен чин, изразија надеж, дека, надлежните органи и штипската полиција ќе ги откријат и соодветно санкционираат сторителите на немилите настани, што ја вознемирија штипската јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top