| четврток, 6 декември 2018 |

Долета за само да игра против Македонија: Еве што мисли Фин Лемке за Столе Стоилов

Германскиот ракометар Фин Лемке требаше да биде дефанзивниот џокер на тренерот Прокоп во дуелот со македонската репрезентација.

Во однос на искуството за дуелите на линијата од шест метри со Стојанче Стоилов Лемке вели:

-Тој е силен дечко. Не е честа појава еден ракометар да има поголема тежина од нас. Тој е супер дечко, многу е забавно да се игра против него бидејќи е еден од најдобрите пикери во светот.

Германскиот дефанзивец призна дека Македонија ги изненадила со играта седум на шест.

-Дефинитивно не изненади. Нашиот фокус беше повеќе ставен на игра шест на шест, пренесува 24rakomet.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top