| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на Жан Патрик Конрад: „Европеизација на Балканот или балканизација на Европа“

На 22 јануари во 12:30 часот во големата аула на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска ,Театарска и Танцова Академија – Скопје-Париз-Есен-Ротердам (Кинотека на Македонија) ќе одржи предавање годинешниот лауерат на Светската награда за хуманизам, Претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, професор од Империал колеџ од Лондон, Жан-Партик Конрад.
Професорот Конрад ќе презентира ексклузивна енциклопедиска анализа, низ призмата на Брегзит – излегувањето на Велика Британија од Европската унија, во контраст со желбата на земјите од Западен Балкан за влегување во ЕУ.

Како што е познато, во неговите текстови објавени во повеќе европски и светски медиуми тој ја нарекува Република Македонија вистинска европска лабораторија и вистинска Мала Европа на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top