| четврток, 6 декември 2018 |

Протестот ги спаси скопјани: Шилегов, каде си, во Скопје паѓаат улични светилки (ФОТО)

 

Од силниот ветар утрово се урна улична светилка пред Собранието, на коловозот на булеварот „11 Октомври“. За среќа, нема повредени и настрадани, зашто канделабрата паднала додека во паркот Жена-борец се одржуваат анти НАТО протести на Левица и Солза Грчева.

Голем број на полицајци веднаш се собрале не местото каде што паднал столбот, но незгодата не е поврзана со протестот.

Уличните светилки поставени на главните сообраќаници во градот се одговорност на Град Скопје и на неговиот прв човек, Петре Шилегов, кој веќе цела недела редовно ги следи натпреварите на македонската ракметна репрезентација во Загреб.

Додека Шилегов изигрува верен навивач и во Загреб се релаксира со елитен ракомет, скопјани ќе испозагинат од неодговорноста и обезглавеноста на градските служби. Скопје има градоначалник исто како да го нема.

За време на незгодата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одржува средби со државниот врв во Собранието на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top