Стив Бенон, поранешниот политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, се согласи да биде сослушан од страна на тимот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, кој ги испитува тврдењата дека кампањата на Трамп соработувала со руски претставници при изборите во 2016 година.
Според американските медиуми, Бенон бил повикан од пецијалниот обвинител да сведочи пред порота, но била постигната согласност тој да биде сослушан само пред неговите обвинители.
Тој денеска сведочеше и пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, но одби да зборува за неговата улога во Белата куќа и во периодот на предавањето на власта, велејќи дека тие прашања се предмет на истрагата на Мјулер. Бенон ангажирал и адвокат, јави телевизиската куќа Ен-Би-Си.
Бенон ги прекина контактите со Трамп, по неодамнешното објавување на книга во која Бенон беше цитирал со остри критики упатени кон претседателот и неговото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст