Американскиот претседател Доналд Трамп ги додели наградите за лажни вести – истакнувајќи десетина медиуми кои известувале пристрасно, нефер или лажно за неговата работа во минатата година.
Првата „награда“ ја доби колумнистот на весникот „Њујорк тајмс“, нобеловецот Пол Кругман, за неговото предвидување дека економијата ќе претрпи такви удари од претседателството на Трамп што нема никогаш да закрепне.
– Нашата економија создаде безмалку два милиони нови работни места и се генерираа осум трилиони долари од инаугурацијата на претседателот Трамп. Невработеноста кај Афроамериканците и Хиспаноамериканците е на најниско ниво во историјата додека историското кратење на даноците, најголемо од мандатот на претседателот Реган, им помогна на работните Американци, порача Трамп преку своето соопштение.
Втората награда отиде кај телевизијата Еј-Би-Си, која го казни својот водечки новинар Брајан Рос откако тој објави неточна информација за наводни врски меѓу Трамп и Русија која предизвика страв од отповикување на Трамп и краткотраен пад на американските берзи. „Њујорк тајмс“ доби уште една од „наградите“, за сторија во која весникот тврдеше дека администрацијата на Трамп сокрила извештај за климатските промени.
Сепак, најмногу, четири од „наградите за лажни вести“, отидоа кај телевизијата Си-Ен-Ен. Трамп посочи дека Си-Ен-Ен мораше да отпушти три истражувачки новинари за неточна вест за Русија, неточно го обвини Трамп дека го прекршил протоколот при посетата на Јапонија, дека ја отстранил статуата на афроамериканскиот водач Мартин Лутер Кинг од Овалната соба и лажно најави сериозни критики против Трамп од страна на разрешениот директор на ФБИ Џејмс Коми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст