| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов: Заев и Ципрас се доста сериозни луѓе, лесно ќе се договорат

За грчката новинска агенција АНА-МПА, премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјавил идека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, треба во директни разговори да дојдат до решение за долгогодишниот спор околу името.

Борисов додава дека е оптимист и ги охрабрува двајцата колеги, кои треба да седнат на заедничка маса и да го решат проблемот, на начин како што тоа го направија тој и Заев со Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

Двајцата премиери прво треба на билатерално ниво, како што тоа го направивме ние со Заев, потпишавме договор за добрососедство и го ратификуваше Собранието во Скопје, така треба и Алексис Ципрас и Зоран Заев прво да го решат спорт меѓу нив, вели Борисов, потенцирајќи дека и Ципрас и Заев се доста сериозни луѓе.

Бугарскиот премиер, сепак, објаснува дека менталитетот на Балканот е таков што „секоја интервенција, па дури и да е предлог за сoработка, нема да наиде на добар прием, бидејќи не треба да се заборави дека ние на Балканот сме многу топлокрвни нации“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top