| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг на работна вечера со Заев

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја почна дводневната посета на земјава со работна вечера со премиерот Зоран Заев и со претставници на Владата. Информација и фотографијата за средбата е објавена на веб-страницата на НАТО. Како што информираат од Алијансата, Столтенберг на средбата се заблагодарил за гостопримството и изразил задоволство што е во посета на земјава, првпат како генерален секретар на НАТО.  Утре се очекува Столтенберг да одржи средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со други функционери.  Генералниот секретар на НАТО утре ќе се обрати и пред пратениците во македонското Собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top