| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета откри дека принцезата Шарлот е шефица по дома (фото)

Британската кралица Елизабета Втора, прабаба на двегодишната принцеза Шарлот и четиригодишниот принц Џорџ, даде редок коментар за нејзините правнуци што ја одушеви јавноста.

Во замокот Сандрингам во Норфолк беше организирано доделување награди за верски едукативни програми во училиштата, а главната награда ја доби 10-годишната Емили Клеј.

Кралицата разговараше со ученичката и ја праша дали се грижи за помалата, шестгодишна сестра. Нивната мајка Елена веднаш одговори дека ситуацијата е обратна.

„Баш како Шарлот и Џорџ“, се надоврза 91-годишната кралица, алудирајќи дека малата принцеза уште сега зазема став, особено во поглед на постариот брат.

Шарлот од неодамна почна да оди во градинка во Вилкокс, привтна установа со исклучителни услови и настава.

На првиот училишен ден, мајка ѝ Кејт, војвотката од Кембриџ, направи неколку фотографии со двегодишната принцеза, што потоа беа објавени на социјалните мрежи.

Обожавателите на британското кралско семејство коментираа дека Шарлот личи на мајка ѝ, но повеќето констатираат дека повеќе личи на прабабата, кралицата Елизабета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top