| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов: Еден куршум и ситуацијата драматично се промени

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во Европскиот парламент предупреди дека ситуацијата на Балканот е кревка и дека еден куршум е доволен за драматична промена на ситуацијата.

– Видовте што се случи вчера, само еден куршум и ситуацијата се промени драматично, рече Борисов, мислејќи на убиството на Оливер Ивановиќ.

Како што оцени тој, Балканот е многу кревка конструкција и ако се разниша, тогаш ќе се разниша и цела Европа. Бугарскиот премиер претставувајќи ги приоритетите на бугарското претседателствување рече дека Софија е подготвена да работи со земјите од Западен Балкан на нивната европска интеграција, нагласувајќи дека стабилноста на Унијата директно е поврзана со стабилноста на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top