Од туристичките агенции во Македонија велат дека во последно време се повеќе продаваат аранжмани за Франција и Шпанија.
Се повеќе Македонци се решаваат да заминат таму на патување. Тие додаваат дека аранжманите за разлика од порано сега се поевтини, и дека луѓето можат да си дозволат такво нешто.
Шпанија ќе ги смени САД како втората најпопуларна туристичка дестинација во светот, додека Франција го задржува првото место, покажуваат податоците на Светската туристичка организација при ОН (UNWTO).
Според извештајот на организацијата, вкупниот број меѓународни туристички посети во светски рамки минатата година се зголемил за 7 отсто, односно на 1,3 милијарди. Се очекува овој интензитет да продолжи и во 2018 година, со стапка на раст од 4 до 5 проценти. Сепак, конечните бројки нема да бидат објавени до пролет.
Во 2016 година во САД и Шпанија пристигнале околу 76 милиони странски посетители, но минатата недела шпанскиот премиер, Мариано Рахој, рече дека земјата забележала рекордни 82 милиони посетители во 2017, што претставува зголемување од 8 отсто во споредба со претходната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст