Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, овој викенд ќе престојува во Косово, јави Радио телевизија Србија.
Вучиќ в сабота и недела ќе престојува во северниот и централниот дел на Косово. Посетата на претседателот следува по убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ.
Вучиќ го оцени убиството како терористички акт и рече дека Србија ќе се однесува во склад со тој акт.
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, го осуди убиството на Ивановиќ и секој обид ова злосторство да се искористи во политички цели. Тој рекол дека ова е изолиран случај и дека ситуацијата на Косово е стабилна.
„Тоа не значи дека не постои ризик од можни терористички напади“, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст