| четврток, 6 декември 2018 |

За одбележување на Светскиот ден: Тони и Силвана ќе возат 100.000 километри на мотор во правец на прегратките

Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на прегратките со акцијата „Ајде да се гушнеме“, в сабота, од 12.30 часот меѓу Плоштадот „Македонија“ и ГТЦ.

Организатор е младинската организација „Млади за љубов“, која во рамките на своите активности 10-та година по ред успешно ја спроведува кампањата „Гратис Гушкање“ со работен концепт базиран на тимска работа која тргнува од мотото „повеќе љубов за луѓето”. Социјалната кампања има за цел да ја покрене свеста за љубов, филантопија и потребата да се сподели со другите.

В сабота ќе присустуваат моторџиите Тони и Силвана ( Гушни го светот – Embrace The World), кои по прегратките во метрополата, несебично ќе ги даруваат и на сите луѓе на планетата. Ќе поминат 100.000 километри и повеќе од 45 земји, возејќи во правецот на прегратките.

Гушни го светот – Embrace The World е коспомолитска идеја на брачниот пар Тони и Сивана кои по обиколката на цела Македонија и прегратките во сите градови ќе го заобиколуваат светот минувајки низ повеќе од 45 држави со моторцикл. На својот пат тие ќе делат „бесплатни” гушки на луѓето од сите етнички припадности, вероисповеди и други определби.

Тони и Силвана ќе им ја покажат малата Македонија на картата на светот и ќе им го покажат големото срце на земјата и нејзините жители.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top