| четврток, 6 декември 2018 |

Пукаа во моето срце, мојата радост, во таткото на Богдан, во сите нас – сопругата се простува од убиениот Оливер!

-Пукаа во моето срце, мојата љубов, радост. Пукаа во таткото на Богдан. Пукаа во сите нас. Во слободата, во Србија! Мирно спиј мој сакан. Оние кои тоа го напрвија сигурно нема – со овие зборови Милена, сопругата на свирепо убиениот Оливер Ибвновиќ, лидер на косовски Срби, се огласи на социјалните мрежи. На оваа порака која е објавена во 2.30 часот утринава никој не остана рамнодушен.

И сестрата на Оливер Ивановиќ, Наташа Ивановиќ Илиќ, на својот Твитер профил објави емотивна порака за својот настрадан брат.

-Не беа доволни молбите, ни солзите ни убедувањата, ништо не беше доволен аргумент. „Па вие ќе се срамевте од мене ако се повлечам!“ Не очи мои!Горди сме што те имавме таков. Знае ли Србија каков јунак изгуби? – напиша Наташа и сите ги трогна.

Оливер Ивановиќ убиен е вчера изутрина со шест куршуми од автомобил во движење. Автомобилот на напаѓачот е пронајден близу местото на злосторството, запален.

На Ивановиќ му е укажана помош неколку минути по нападот, меѓутоа и покрај борбата на лекарите да му го спасат животот, подлегнал на ужасните повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top