| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен агент на ЦИА – продавал тајни на Кина

Поранешениот агент на ЦИА Џери Чун Шинли (53) е уапсен синоќа на њујоршкиот аеродром „Џон Фицџералд Кенеди“, поради сомнеж дека незаконски давал тајни информации.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Шинли е осомничен дека на кинеските служби им дал информации, со кои тие откриле информатори на ЦИА во Кина.

Американското Министерство за правда соопшти дека Шинли работел во Централната разузнавачка агенција (ЦИА) од 1994 година до 2007 година, како и дека сега постојано престојува во Хонг Конг.

Тој имал статус на лице кое има пристап до документи со највисок степен на тајност.

Во соопштението на Министерството, се посочува дека во 2012 година, агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) извршиле истрага во хотелска соба, каде престојувал Шинли и при тоа пронашле два тефтери на кои рачно биле напишани имиња и броеви на тајни агенти на ЦИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top