| четврток, 6 декември 2018 |

Имало камери, убиството на српскиот политичар снимено

На просториите на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ во Косовска Митровица има две камери за видеонадзор, кои, најверојатно, го забележале моментот кога е убиен Оливер Ивановиќ.

Ивановиќ често зборивал за безбедноста на Косово. Во интервру за „Време“ во 2017 година тој ги спомнува камерите.

„Во последните неколку години во Митровица имаме преку педесет случаи на палење автомобили, фрлање рачни бомби и две неразрешени убиства. Сето тоа се случува на територија од два и пол километри, која целосно е покриена со сигурносни камери. Очигледно полицијата се плаши да не се замери со сторителите или пак тие се длабоко врзани со безбедносните структири“, рекол тогаш Ивановиќ.

Недалеку оттаму, на малку повеќе од еден километар полицијата пронашла запалено возило опел астра со кое убиецот, најверојатно, избегал од местото на злосторството, објави Блиц, повикувајќи се на неименувани извори.

Косовската полиција соопшти дека иам информации за потеклото на возилото.

-Возилото нема регистерски таблички, но успеавме да обезбедиме доволно информавции за потеклото и споственикот. Не можам да ви дадам повеќе детали, но информациите што ги имаме се доволно за да се трага по сопственикот, изјави Шенд Маѓуни, директор на косовската полиција по седницата на Советот за безбедност на Косово.

Ивановиќ поина во Здравствениот сентар во северниот дел на Косовска Митровица откако во него пукало непознато лице со повеќе истрели од пиштол пред седиштето на партијачата чијшто претседател е тој.

Оливер Ивановиќ ќе биде погребан во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top