Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ в четврток се враќаат во Собранието за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврдуваат за „Макфакс“ од партијата.
Одлуката била донесена на синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а пораката е да покажат дека стратешката определба на партијата е членството во НАТО и ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат дали тоа значи дека опозицијата се враќа да учествува во работата на Собранието, велат дека за тоа дополнително ќе информираат.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од крајот на минатата година, по определувањето на мерките притвор, не учествуваат во работата на Собранието. Судот сè уште не одлучил дали ќе го прифати барањето на пратеникот Јохан Тарчуловски да го следи обраќањето на Столтенберг во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.