| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи државниот врв на Албанија во врска со убиството на Оливер Ивановиќ

Непознати напаѓачи утрово околу 8:30 часот пукаа врз Оливер Ивановиќ во Косовка Митровица додека влегувал во својата канцеларија.

Премиерот на Албанија Еди Рама се огласил по повод убиството.

Преку статус на Фејсбук истакнал дека му е жал за убиството на Ивановиќ, а чинот најлошо го оценил.

-Длабоко сочувствувам со оваа трагедија која му се случи на Оливер Ивановиќ. Ова е очигледно направено за да се потикне омраза и напнатост. Напорите за дијалог за мир не можат да се запрат – напишал Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top