| четврток, 6 декември 2018 |

Исидора се бори со ракот, а со моќната порака до нејзината ќерка ги расплака сите

Исидора Бјелица храбро се бори со злобниот рак речиси пет години, а оваа година не само што ја донесе болката, туку и некои убави и емотивни моменти, важни согледувања, одлични животни поуки, драги познаници .

Познатата писателка не се откажува и продолжува да ја води нејзината битка во која најголема поддршка е нејзината ќерка Вила.

Таа повеќе од сите верува во заздравувањето на нејзината мајка.

Вила Евангелина денес полни 16 години и по тој повод Исидора се сети на раното нејзино детство.

На својата ќерка и упати емотивна порака која ги разбуди емоциите и кај најкрутите луѓе.

-Точно пред 16 години, се роди мојата волшебна вила, тука е нејзината прекрасна кума Весна Радусиновиќ која ја држи во раце, а покрај нив се и Миломир Мариќ, на нејзиното крштевање беа и пријателите Милорад Павиќ и Јасмина Михајловиќ. Мојата мала храбра девојка имаше само 11 години кога јас се разболев и скоро никој освен Вила не веруваше дека ќе бидам тука и за нејзиниот 16-ти роденден. Низ се што поминавме ние две и додека своето детство го трошеше да ме гледа вака ситна и кревка, да ме негува со ноќи после терапиите и додека со часови и часови седеше со мене во болница и секогаш ме прегрнуваше и ме засмејуваше, тогаш и двете научивме дека љубовта е најголема сила која пркоси на сиоте статистики и прогнози и неволји. Те сакам најмногу исти најдрага, неуништлива мамина девојко. Драгиот Бог знае колку сум му благодарна да можам и денес да ги гледам твоите сини очи и насмевката. Среќен роденден, храбра убавице, напиша писателката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top