
Началникот на СВР Охрид Сашо Смилевски уживаше во друштво на плејбојот Алекс Ружин и неговиот татко, екс дипломатот Нано Ружин.
Помладиот ружин, сподели фотографија од веселата средба на фејсбук и кажа само пофални зборови за домаѓинот, началникот Смилевски.
– Охрид дефинитивно важи за најбезбеден град во државава. Безбедноста на охриѓани и на туристите кои доаѓаат овде се во најсигурни раце на мојот пријател Сашо Смилевски, началник на СВР Охрид – напиша плејбојот Алекс Ружин на неговиот фејсбук профил.
И додека во најбезбедна атмосфера се одвивала оваа средба, на социјалните мрежи охриѓани прашуваат „Има ли полиција во Охрид?“, затоа што според нивните искуства секојдневно се зголемува бројот на инциденти.
Последен инцидент е оној кога во центарот на градот, едно лице демолираше по градот а полицијата не реагираше. Настанот е аматерски снимен и од граѓани кои снимката ја пратија во редакцијата на „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


