| четврток, 6 декември 2018 |

Една вест го нокаутираше Биткоин: Двоцифрен пад за еден ден

За само едно утро Биткоинот падна за цели 14%, односно под 12,000 долари, затоа што јужнокорејскиот министер за финансии соопшти дека постои можност за забрана на трговија со криптовалути.

Министерот Ким Џонг Јеон, за едно локално радио од Јужна Кореја изјавил дека владата ќе излезе со мерка против ирационалното инвестициско лудило поврзано со криптовалутите, пренесува Ројтерс.

Таа вест целосно ја сруши цената на Биткоинот, кој на берзите се тргува и по цена од 11,730 долари, што е за 13,6% пониско во однос на вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top